Благоја Антовски (Баге) – тапанар во НОКАУТ од 2006 година

Свири на сите ударни инструменти (ксилофон, маримба, вибрафон, римпани итн.), но и на пијано. Се испробал во голем број музички жанрови, а како приватен тутор, своите тапанарски вештини им ги пренесува на децата кои учат тапани во приватното музичко училиште “Ентерпрајз”.

Роден е на 7 април 1983 година во Скопје.
Од 12-годишна возраст почнува да свири на пијано, под надзор на маестро Томислав Шопов, со кого работи 4 години. По завршувањето на средното музичко училиште “Илија Николовски – Луј” во Скопје, се запишува на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, насока ударни инструменти.

Уште како средношколец, поточно во 1999 година станува член на хард-кор бендот SMUT, кој успешно “остава срце на бина” до ден денес. Од 2005 до 2006 е дел од групата Crimson Sunrise.

Во 2006 година добива покана да влезе во новоформираниот и проширен НОКАУТ, во кој се уште е главна ритам поддршка.

Неговите ритмови можете да ги чуете и во скопските групи The Black and Vice Social Club и Fleka. На листата на со македонски музичари и бендови со кои соработувал и се уште соработува се наоѓаат Каролина Гочева, Дамир Имери, Иван Иванов, DJ Гоце (САФ), Тони Зен, Nex Time, Архангел, Легијата, Да Џака Накот, Скит Скитара и Слаткаристика.

СНИМЕНИ АЛБУМИ:

  • Until the Road is a Dead End – The Black and Vice Social Club (2015)
  • Македонско Девојче 2 – Каролина Гочева (2014)
  • Нокаут 3 – Нокаут (2014)
  • Мемоарите на скршениот човек – SMUT (2012)
  • Прирачник за модерна војна – Da Dzaka Nakot (2008)
  • All I have – SMUT (2007)
  • Forever is not enough – SMUT (2003)
  • Smut – SMUT (2000)
  • Снимени песни/синглови за Александар Митевски, Бертан Аслани, Леана Таќи…

ПОГОЛЕМИ КОНЦЕРТИ:

  • Нокаут, Борис Трајковски – Скопје (2015)
  • Каролина Гочева (6 концерти), МОБ – Скопје (2014)
  • SMUT (18 годишнина), КлубХавана – Скопје (2014)
  • Архангел, Борис Трајковски – Скопје (2013)
  • Каролина Unplugged, Универзална Сала – Скопје (2013)
  • Тони Зен, Борис Трајковски – Скопје (2012)
  • Нокаут, Метрополис Арена– Скопје (2012)
  • Tavitjan Brothers, АренаФилип II – Скопје (2012)
  • SMUT, Exit – Нови Сад (2010)
  • Слаткаристика, Метрополис Арена – Скопје (2010)
  • Нокаут Unplugged, MOB – Скопје (2007)
  • Повеќе од 300 концерти низ Македонија и повеќе од 50 концерти во странство (Србија, Бугарија, Хрватска, Црна
  • Гора, Косово, Албанија, Словенија, Романија, Турција, Швајцарија, Шведска, Финска, Данска, итн.)

НАТПРЕВАРИ/НАГРАДИ:

  • Копенхаген 2003, камерна музика, 1во место
  • Скопје 2003, државен натпревар – соло перкусии, 1во место
  • Софија 1999, камерна музика, 1во место

Среќно оженет со Ања и татко на Борјан.