Бојан Перевски – перкусии, усна хармоника и пратечки вокали во НОКАУТ од 2006

Роден е на 28 декември 1980 година во Скопје.

На 6-годишна возраст започнува да свири виолина во музичкото училиште “Илија Николовски-Луј” во Скопје во класата на проф. Паскал Николовски – виолина и проф. Нада Гаиќ – солфеж.

Во 1989 година настапува во детскиот хор при МРТВ и учествува на фестивалот СИ-ДО како хорист.

1996 ја започнува својата музичка кариера како тапанар во македонската рок група ФАН СТОР, која настапува во повеќе клубови низ Македонија, но и учествува на фестивалите “Февруарски Рок Поход” и “Поп Рок Фест 1997”.

1999 учествува како вокалист, аранжер и продуцент во поп фанк бендот ,,Фанк ОФ,, со кој снима 3 сингл изданија во студиото на Димитрови во соработка со продуцентите Оливер и Дарко Димитров.

2000 година остварува продуцентска соработка со Фани и Тони Зен.

Во 2002 го оформува бендот PLAYGROUND заедно со Зоран Костадиновски(гитара), Ангел Мицевски(тапани), Мартин Јосифовски(бас) и Марјан Гиевски(гитара) со кој како главен вокал има снимено неколку сингл нумери како: ЧЕКОРИ, СЕЌАВАЊЕ и СОНЦЕ И ХАЗАРДНА ИГРА. PLAYGROUND беше предгрупа на самостојниот концерт на македонскиор рок состав Д.Н.О

2004 е главен вокал во клубскиот кавер бенд PR, заедно со Горјан Петровски(гитара), Игор Кик(тапани), Горјан Гочка(Бас) и Мето (гитара)

Во 2005 година е ангажиран како композитор, аранжер и продуцент на Мултимедијалното издание на Божидар Барлакоски Зимски со наслов “Кога кравите ќе си одат дома”.

Во 2006 станува член на новооформениот НОКАУТ, како перкусионист, усна армоника и пратечки вокали.

Во 2011 е еден од организаторите на концертот НОКАУТ UNPLUGGED одржан во Колосеум, а неколку месеци подоцна повторно е еден од организаторите на големиот концерт НОКАУТ UNPLUGGED кој се одржа во Метрополис Арената во Скопје, на 28 декември 2011.

Бојан е еден од организаторите и на двата последователни концерти НОКАУТ UNPLUGGED во Универзална Сала 2014.

Освен како организатор на споменатите концерти, Бојан учествувал и како изведувач во групата НОКАУТ.

Среќно оженет со Анета, татко на Стефан и Неда.

Моментално живее и работи во Обединети Арапски Емирати.