Борче Кузмановски (Боро) – клавијатури во НОКАУТ од 2006

Роден е на 04 април 1987 во Скопје.

Уште од 3-годишна возраст покажува љубов кон музиката, кога омилени инструменти му биле пијано, тапани и виолина.

Учи нижо музичко училиште – тромбон и средно музичко во Илија Николовски-Луј во СКопје. Паралелно со средното образование посетува онлајн курс Gospel neo soul за piano rhodes i hammond органа. Потоа студира џез пијано на Џез академијата во Штип.

Боро е мулти инструменталист. Соработува со речиси сите од македонската естрада како од поп-рок, џез, така и од алтернативната хард-кор сцена.

Активен член бил на бендовите Флека, Барбарела и Каролина Гочева бенд.

Од 2006 негов матичен бенд е НОКАУТ, каде е главен на клавијатури.

Ангажиран е и како продуцент и sound дизијанер на албумот “Tavitjan Brothers play classics” кој беше издаден од Croatia Records.

СОРАБОТКА СО МУЗИЧКИ АРТИСТИ: Каролина Гочева, Игор Џамбазов, Тони Зен, Ѓоко Таневски, Биба Додева, Ева Нединкова, Елена Ристеска, Ребека, Александар Ристовски Принц, Тамара Тодевска, Влатко Илиевски, Трајко Симоновски Таци, Тоше Проески, Кристина Арнаудова, Дани,

Хор Злата Мегленска, Александра Пилева, Анета Качуркова итн.

ГОСТИН НА БЕНДОВИ: Мугер Фугер на два албума и SMUT на два албума по една песна.

Работел на музика за филм, драма и радио драма, а неговото портфолио вклучува повеќе од 500 лични композиции, песни за реклами, за филм, трејлери, промо видеа, игри и сл. Соработка со странски корпорации за музика и семплови како и домашни.