Горан Кавраков (Горанчо) – саксофон во НОКАУТ од 2006 година

Роден е на 5 јуни 1984 година во Штип.
Работи како наставник по саксофон во Државниот Музички Училишен Центар “Сергеј Михајлов” во Штип.

Од 2002 до 2007 членувал во Биг Бендот на Македонската Национална Телевизија.

Од 2005-та настапува заедно со популарната македонска пејачка Каролина Кочева.

Во 2006-та година добива покана да стане дел од новоформираниот и проширен НОКАУТ, во кој се уште ги оплеменува песните на бендот со својот саксофон.

Во 2007 беше дел од големиот и последен концерт на Тоше Проески кој се одржа на Градскиот Стадион во Скопје.

Има настапувано со повеќе познати џез музичари, како Гоце Мицанов, Дамир Имери, Оливер Дуев, Гоце Стефковски и други.

Во 2012 е основач на џез квартетот Eqionox.

Среќно оженет со Александра и татко на Дарија.