Виктор Николовски (Вичи) – бас гитара во НОКАУТ од 2006
Роден е на 23 јануари 1984 година во Скопје.
Во музиката почнува сериозно да се вљубува уште на 10-годишна возраст кога почнува да свири пијано на часовите со маестро Томислав Шопов. Завршил средно музичко училите “Илија Николовски – Луј”, отсек Музичка теорија и Педагогија со облигат ударни инструменти.
Своето музичко образование го продолжува на Факултетот за музичка уметност во Скопје, отсек – бас гитара.
Во 2004 година почнува да свири во бендот на Каролина Гочева, во кој останува активен се до 2012-та.
Од 2005, па до денес е дел од познатиот скопски кавер бенд South Park.
На групата НОКАУТ и се придружува во 2006 година, во која се уште редовно го “штека” басот.
Од 2015 година, свири заедно со македонската пејачка Тамара Тодевска.