Пере со основците од „Димитар Миладинов“ за музиката

Никола Перевски - Пере

На последниот ден од учебната 2016/2017 (09.06.2017), Пере ги изненади учениците од V-а (петто а) одделение во ОУ „Димитар Миладинов“ со негова посета. Разбравме дека во ова одделение има ученици-фанови на „Нокаут“, па Пере реши да поразговара со учениците, да им раскаже малку за инструментот гитара и групата „Нокаут“, а и да им одговори на прашањата што учениците ги имаа за него.

Децата значат иднина и ним мора да им се посветува внимание. Музиката и музичката уметност е важен дел од нивното образование, а „Нокаут“ сака да го помага тој процес. Теоретската настава во формалниот процес на образование што се одржува во образовните институции збогатен со примери од реалниот живот на професионалците во различните сегменти и индустрии, вклучително и музичката уметност, култура и индустрија, веруваме дека е одлична комбинација за комплетирање на знаењето на децата што имаат афинитети кон одредени сегменти.

Пере помина пријатни половина час со учениците што и за него, како што вели тој, беше вредно искуство како што ние веруваме дека беше и за децата.