Забавата во Вевчани продолжува-денес традиционалното дефиле на маски

Со настап на домашните групи ДНК и Нокаут, и Фрајле, гостинките од Србија, синоќа во Вевчани започна забавниот дел од годинешниот Вевчански карневал. Присутните неколку часови се забавуваа со добра музика, а гостите пред настапот од градоначалникот добија и вевчански пасоши.

Денес, традиционално, повеќе од 1.000 маски, ќе продефилираат низ вевчанските улици, а вечерва од 21 часот присутните ќе ги забавува фолкерката Анета Наковска, додека Православната нова година ќе биде пречекана со настапот на вевчанецот Ефто Пупиноски.

Манифестацијата ќе заврши на 14 јануари со традиционалното палење на маските.

извор http://www.ohridnews.com/vesti/102925