На последниот ден од учебната 2016/2017 (09.06.2017), Пере ги изненади учениците од V-а (петто а) одделение во ОУ „Димитар Миладинов“ со негова посета. Разбравме дека во ова одделение има ученици-фанови на „Нокаут“, па Пере реши да поразговара со учениците, да им раскаже малку за инструментот гитара и групата „Нокаут“, а и да им одговори на прашањата што учениците ги имаа за него.
Децата значат иднина и ним мора да им се посветува внимание. Музиката и музичката уметност е важен дел од нивното образование, а „Нокаут“ сака да го помага тој процес. Теоретската настава во формалниот процес на образование што се одржува во образовните институции збогатен со примери од реалниот живот на професионалците во различните сегменти и индустрии, вклучително и музичката уметност, култура и индустрија, веруваме дека е одлична комбинација за комплетирање на знаењето на децата што имаат афинитети кон одредени сегменти.
Пере помина пријатни половина час со учениците што и за него, како што вели тој, беше вредно искуство како што ние веруваме дека беше и за децата.
- Пере ги поздравува учениците од V-а одделение од ОУ „Димитар Миладинов“
- Децата го препознаваат Пере, нема потреба од посебно претставување, сепак, ред е ред.
- Пере е љубопитен да разбере колку деца од одделението свират музички инструмент и учат во нижото музичко училиште.
- Пере изненаден за бројот на деца што свират музички инструменти во одделението. Неколку деца свират пијано, а има и еден гитарист.
- Пере свири повеќе инструменти, еден од оние кои секојдневно ги користи во разни ситуации е гитарата. Пере им ја покажа една од неговите гитари и накратко им раскажа кои се основните делови на гитарата.
- Децата слушаат внимателно додека пере им раскажува за гитарата и нотите што ги претставува секоја жица на гитарата.
- Пере им ја објаснува разликата помеѓу тажните (молови) и веселите (дурови) акорди.
- Учителката ги поттикнува децата да го прашаат Пере за работи поврзани со музиката, гитарата или „Нокаут“.
- Пере изненаден од зрелоста на прашањата што ја покажуваат десетгодишните основци. Некои од прашањата се: Дали може акустичната гитара да биде и електрична? Дали кога се создава песна прво се прави музиката или прво се пишува текстот?
- Пере одговара на прашањата поставени од децата.
- Времето брзо поминува. Пере им се заблагодари на децата што го примија како нивни гостин и им вети покана за некој од наредните концерти што нема да се одржи во доцните вечерни часови кога децата спијат.
Нема коментари
Or use one of these social networks